Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Фарските Острови во баражот за место на следното Светско првенство, кое во 2025 година ќе се игра во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка.
Денешната ждрепка во Келн сакаше за ривал на нашите ракометари да биде едно од најпријатните изненадувања на последното ЕП во Германија, одличниот тим на Фарски Острови.
Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот.
Македонија бидејќи беше носител на ждрепката вториот натпревар ќе го одигра пред својата публика.