Без пораз од првиот до последниот меч на првенството, ракометната репрезентација на Франција стана нов европски шампион. По 70 минутна битка во Келн, Франција по продолженија ја совлада данска со 33:31 и и се одмазди за минатогодишниот пораз во финалето на Светското првенство.
Во меч во кој двете селекции одиграа перфектно, скоро и да немаше период во кој некоја селекција се одвои со повеќе од 2-3 гола разлика. Во завршницата на регуларниот дел Данска имаше гол предност, но Франција израмни за 27:27 и повторно мечот отиде на продолженија.
По првите пет минути двете селекции одиграа моќно и не дозволија предност (29:29). Одлуката падна во вториот пет минути, кога Франција за првпат се одлепи на плус 2 и потоа успеа да ја задржи предноста до крајот.
Лудовик Фабрегас со 8 гола беше најефикасен во редовите на новиот европски првак, додека кај Данска, Микел Хансен постигна 9 погодоци.