Пред салата на Лос Анџелес Лејкерс, беше откриен споменикот на легендарниот кошаркар на „езерџиите“, Коби Брајант.
На церемонијата присуствуваше шесткратниот НБА шампион Карим Абдул-Џабар, петкратниот шампион и олимписки првак со селекцијата на САД, Меџик Џонсон, како и Пол Гасол , шампион во НБА и двократен светски првак со репрезентацијата на Шпанија.
Бронзената статуа го прикажува Брајант облечен во дресот со број 8. Коби Брајант загина на 26 јануари во 2020-та на 41-годишна возраст кога се сруши неговиот приватен хеликоптер. Во несреќата загинаа пилотот и сите осум патници меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Џана.