Раководството на Филаделфија се договори со Индијана Пејсерс за ангажман на кошаркарот, Бади Хилд, велат последните информации од САД.
Тој е еден од најдобрите шутери во НБА. Во сезонава има просек од 12 поени, 3,2 скока и 2,7 асистенции по натпревар за нешто повеќе од 25 минути поминати на теренот.
31-годишниот играч кој доаѓа од Бахами има тековен договор до крајот на сезонава.

