Машката кошаркарска репрезентација на Естонија го одреди составот од 14 кошаркари со кои ќе допатува во Скопје на мечот со Македонија на 23 февруари во квалификациите за ЕП 2025. Естонците го закажаа првиот собир во Талин на 19 февруари, кога започнува новиот циклус од квалификациите за ЕП.
Според селекторот на репрезентацијата, Јука Тојала, на располагање ќе има играчи кои се веќе познати за репрезентацијата. Меѓу повиканите репрезентативци се и двајцата кошаркари на евролигашот Басконија, Маик-Калев Котсар и Сандер Раиесте.
„Македонија има познати имиња, но кога и да одите да играте со нив, треба да размислите кој странски играч не чека овој пат. Моментално во ростерот имаат двајца странски играчи – Ти Џеј Шортс, против кој игравме во Талин летото, а новото име е Итан Хап. Хап е играч кој постепено стана играч на ниво на Евролигата. Мораме да бидеме подготвени за двете опции и соодветно да ги правиме нашите планови за игра“, изјавил Тојала.
Кристијан Куламае | Билбао (Шпа)
Каспер Суурорг | ТалТеч
Март Розентал | Универзитет во Тарту
Јонас Рисма | Бриндизи (Ита)
Мик Јуркатам| БЦ Калев
Јанари Јесар | Анвил (Пол)
Сандер Раесте | Басконија (Шпа)
Артур Конончук | Олденбург (Гер)
Сиим-Сандер | Сан Пабло Бургос (Шпа)
Каспар Треер | Динамо Сасари (Ита)
Грегор Хермет | БЦ Калев
Михкел Кирвес | БЦ Калев
Матијас Тас | Остенде (Бел)
Маик-Калев Котсар | Басконија (Шпа)

