МЗТ Скопје Аеродром во драматична завршница на големото ку-финале во Битола славеше над Пелистер со 62:60 и го одбрани трофејот во натпреварувањето кое го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур.
„Штрковите“ одиграа извонреден меч, а победата е уште позначајна ако се знае дека во последната четвртина останаа без Војдан Стојановски поради повреда, а во последните минути поради пет лични грешки во тимот го немаа ниту Дамјан Стојановски.
„Пелистерци“ имаат за што да жалат бидејќи водеа во најголемиот дел од мечот, а имаа и предност од 8 поени во вториот дел која МЗТ Скопје А. успеа да ја надокнади.
Робев со 13 и Танасковиќ со 12 поени беа најефикаснки кај МЗТ Скопје А., додека кај Пелистер, Костоски постигна 15, а Магдески 12 поени.
МЗТ Скопје Аеродром по 12-ти пат во својата историја го освои кошаркарскиот Куп на Македонија.