Легендата на НБА, Ален Ајверсон, одговори на прашањето за модерната одбрана што се практикува во најсилната светска кошаркарска лигата.
„Не сакам да правам само-ПР. Па, да речеме, тогаш ја загубив титулата најдобар стрелец од Коби: тој постигнуваше 35 по натпревар а јас 33. Мислам дека ако играв денеска кога е се отворено, лесно би додал уште 10 поени и би имал просек од 43 кошеви“ – рече Ајверсон.
Тој беше избран за најкорисен играч во НБА во 2001 година а има и 11 настапи на Ол Стар мечевите.