Шефот на „црвено-белите“ од Белград, Небојша Човиќ, ги истакна приоритетите за засилувања во текот на летото.
„Треба да го засилиме составот. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Имаше договор по шемата „1+1“ а ние му доцнивме 4 од 5 плати“ – вели Човиќ.
„Човекот чекаше, му ветивме но, не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер“ рече Човиќ.