Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер денеска го одигра натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите. Битолчани се гости кај германски Кил во обид да прикажат уште една добра партија и да се обидат да го изненадат големиот фаворит.
Германците на првата средба во Битола славеа со 23:20. Кил се бори за првата позиција на табелата, додека „пелистерци“ ќе бараат шанса за први бодови.
Натпреварот стартва од 18:45 часот.

