Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите против Естонија вечерва во Кале
    Кошарка

    Кошаркарите против Естонија вечерва во Кале

    risteBy riste23/02/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарската репрезентација вечерва ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, на домашен терен ја пречекуваме Естонија. Во групата во која само две селекции бркаат „виза“ за турнирот, веројатно клучен ќе биде двомечот против Естонците, особено бидејќи Литванија е фаворит за првото место, а Полска е домакин на ЕП. 

    Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ предводена од селекторот Александар Јончевски ќе се обиде да направи позитивен езултат во дуелот со Естонија. За таа цел селекторот Јончевски се одлучи за овој собир да го повика Итан Хап, американскиот кошаркар кој веќе неколку години има македонски пасош, но сега ќе го има своето на деби. Од друга страна, изостана Ти Џеј Шортс. Плејмејкерската улога ќе ја добие Ненад Димитријевиќ кој игра во врвна форма во Русија, а лекарскиот тим потврди дека Војдан Стојановски ќе може да игра против Естонците. Капитенот на репрезентацијата се повреди во Куп-финалето минатиот викенд и не тренираше во претходните денови, но сепак ќе биде подготвен за настап. 

    Дуелот вечерва во салата „Кале“ се игра во терминот од 19:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.