Македонските кошаркари вечерва ја пречекуваат Естонија на стартот на квалификациите за Европското првенство. Ова може да биде едн од клучните натпревари за нашата репрезентација во овие калификации, бидејќи Естонците ќе ни бидат директен ривал за пласмна на позиција која може да не однесе на ЕП.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, своите очекувања ги изнесе организаторот на играта во нашата репрезентација, Ненад Димитријевиќ.
„Доста добро ги знаеме квалитетите на Естонија, силна репрезентација, со евролигашки играчи. Но, мислaм дека сме подготвени за овој натпревар. Не сакаме да ставаме некој преголeм притисок токму за вечерашниот дуел, затоа што после тоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е многу важно да го одбраниме домашниот терен. Ќе се обидеме да дојдеме до победа на овој премиерен меч во квалификациите. Притисокот е добар, но би рекол дека понекогаш, тие очекувања не се ререални. Живееме во некои други времиња. Ние сме некоја друга генерација и мислам дека ние тоа треба да го почувствуваме како поддршка, а не како некој притисок“, изјави Димитријевиќ.