Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра и третиот меч во циклусот квалификации за пласман на Европското првенство 2024.
На домашен терен, избраничките на селекторот Грчевски ја пречекуваат Шпанија, со која во нарените неколку дена ќе ги одиграме и двата меча од овој квалификациски циклус. Македонија во два меча досега обезбеди две пбеди и со една нога зачекори кон нов настап на завршницата на еден континентален собир.
„Шпанија е одлична репрезентација со која можеме да ги одмериме силите. Ќе ставиме фокус на нашата игра бидејќи немаме што да загубиме. По двете победи што ги остваривме, се надеваме на уште еден добар натпревар. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од трибините“, вели една од нашите најдобри ракометарки, Сара Ристовска
Средвата во СЦ „Борис Трајковски“ започнува од 18 часот, а влезот за навивачите е слободен.

