Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Стојчевски: „Одиме на 6 бода, само така можеме да бидеме задоволни“
    Фудбал

    Стојчевски: „Одиме на 6 бода, само така можеме да бидеме задоволни“

    sasoBy saso19/03/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младата фудбалска репрезентација (У21) се подготвува за следните натпревари од квалификациите за ЕП. На 21 март (четврток) на домашен терен го пречекуваме Гибралтар во натпревар кој нашите репрезентативци мора да го добијат доколку сакаат да ги вратат шансите за висок пласман во нашата квалификациска група.

    По стартниот триумф на гости кај Шведска, следуваа три порази против  Холандија, Молдавија и Грузија со што сега немаат право на кикс нашите млади фудбалери.

    Во разговорот кој го имавме со нашиот репрезентативен дефанзивец Андреј Стојчевски тој ја пренесе атмосферата во нашата селекција и очекувањата од овие натпревари.

    „Секогаш кога сме на собир заедно е убаво и крајно сме мотивирани да покажеме дека имаме квалитет за повисоки дострели. Ја анализиравме селкцијата на Гибралтар, не се воопшто наивна репрезентација, тоа го покажаа со победата над Молдавија. Имаме респект кон секој противник, но ние секогаш ќе одиме на победа, без разлика кој ни е противник. Убаво е чувството што ќе играме на нашата Национална Арена, тоа е дополнителен мотив за нас и ќе дадеме се од себе да наметнеме наша игра со контрола над топката и на резултатот. Што се однесува до двете средби, сакаме овие натпревари да ги завршиме со 6 бода за нас“, истакна Стојчевски во разговорот во програмата на Спортско радио 90,3.

    Разговорот со нашиот младински репрезентативец проследете го на следниот ЛИНК

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.