Младата фудбалска репрезентација (У21) се подготвува за следните натпревари од квалификациите за ЕП. На 21 март (четврток) на домашен терен го пречекуваме Гибралтар во натпревар кој нашите репрезентативци мора да го добијат доколку сакаат да ги вратат шансите за висок пласман во нашата квалификациска група.
По стартниот триумф на гости кај Шведска, следуваа три порази против Холандија, Молдавија и Грузија со што сега немаат право на кикс нашите млади фудбалери.
Во разговорот кој го имавме со нашиот репрезентативен дефанзивец Андреј Стојчевски тој ја пренесе атмосферата во нашата селекција и очекувањата од овие натпревари.
„Секогаш кога сме на собир заедно е убаво и крајно сме мотивирани да покажеме дека имаме квалитет за повисоки дострели. Ја анализиравме селкцијата на Гибралтар, не се воопшто наивна репрезентација, тоа го покажаа со победата над Молдавија. Имаме респект кон секој противник, но ние секогаш ќе одиме на победа, без разлика кој ни е противник. Убаво е чувството што ќе играме на нашата Национална Арена, тоа е дополнителен мотив за нас и ќе дадеме се од себе да наметнеме наша игра со контрола над топката и на резултатот. Што се однесува до двете средби, сакаме овие натпревари да ги завршиме со 6 бода за нас“, истакна Стојчевски во разговорот во програмата на Спортско радио 90,3.
Разговорот со нашиот младински репрезентативец проследете го на следниот ЛИНК

