Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација , Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список за последните два натпревара од квалификациите за Европското првенство.
Во април ќе играме со Азербејџан на гости во Баку а потоа во Скопје со Литванија. Тоа се две земји што претходно успеавме да ги совладаме на стартот на групната фаза и да го отвориме патот кон континенталниот собир.
На списокот на повикани има неколку нови имиња што допрва треба да се наметнат за репрезентативниот дрес.