Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА кошаркарската лига. Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс одигра вкупно 672 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната и плеј-офот, на кои постигна повеќе од 30 поени. Претходно, лидер по овој показател беше легендарниот Мајкл Џордан (671). Топ 3 го комплетира познатиот играч Вилт Чембрлен (557).
Леброн Џејмс беше предводник на својот тим на дуелот со Бруклин Нетс кој Лејкерси го добија со резултат 116:104. Леброн на оваа средба постигна 40 поени, имаше и седум скока и пет асистенции.
Во следното коло Лос Анџелес Лејкерс гостува кај Торонто Репторс.