Дени Грин , поранешниот соиграч на 4-кратниот МВП, Леброн Џејмс, беше прашан што ќе се случи прво – распад на големото трио на „Вориорс“ или пензионирањето на Џејмс.
„Се чини дека нивните договори истекуваат во исто време, најмногу за една година. За Клеј Томпсон не сум сигурен дека Вориорс ќе го задржат. Што се однесува до Леброн, мислам дека ќе игра уште една сезона“ – вели Грин.
„Можеби ќе му биде понуден повеќегодишен договор но, тоа не значи дека нема да заврши за една година“ – вели Грин.

