Центарот, Никола Јокиќ, на крајот на регуларниот дел од сезоната во најсилната кошаркарска лига – НБА, успеа да влезе меѓу 10-те најуспешни во четири статистички категории.
Јокиќ е втор севкупно по асистенции (708), трет по скокови (978), петти по поени (2085) а осми по украдени топки оваа сезона (108).
Денвер во регуларниот дел од сезоната го зазеде второто место на Западот.