Бојан Трајковски откако деновиве стави крај на кошаркарската кариера, го имаше првото интервју за Спортско радио 90,3 ФМ. Нашиот поранешен репрезентативец проговори за најинтересните моменти под обрачите.
„Пред да влезам во кошарката бев активен во ракометот. Мислам дека и таму ќе направев одлична кариера и ќе бев добар лев бек. Сепак, работите се променија во 2001 година кога од ракометот сосема случајно влегов во кошарката и тука останав цели 24 години“ – нагласи Трајковски.
„Секогаш ќе ги паметам почетоците во младинските екипи кога со сопствени средства ги плаќавме судиите за да играме и да бидеме шампиони. Играв во најголемите клубови во нашава земја и од секаде носам убави спомени. Посебно сум благодарен на екипите што ми овозможија да бидам шампион на Македонија и освојувач на Купот што ме прави еден од најтрофејните играчи во Македонија. Мојот план е да излезам од кошарката и да влезам во семеен бизнис“ – изјави Трајковски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следниов линк: