Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кејн: Неверојатна победа во тешка сезона за нас
    Фудбал

    Кејн: Неверојатна победа во тешка сезона за нас

    risteBy riste18/04/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн зборуваше по победата на неговиот тим над Арсенал со 1:0 во реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

    Баварците се пласираа по нерешените 2:2 во првиот натпревар и вкупниот успех 3:2, а фудбалерот ги сподели надежите дека тој и неговите соиграчи ќе стигнат до самото финале на турнирот и да триумфираат во него.

    „Неверојатна победа. Тоа беше тешка сезона за нас. Моравме да се бориме. Знаевме дека можеме да ја направиме разликата со нашите навивачи дома. Кимих постигна одличен гол. Да се ​​пласираме во полуфиналето е големо достигнување за нас и можеме да бидеме среќни поради тоа. На полувремето си кажавме дека сакаме да го зголемиме темпото, да бидеме агресивни. Имавме неколку удари надвор од голот и можевме да си ги олесниме работите, но овие натпревари се секогаш тешки и мораме да ги поминеме. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Кејн.

    Во полуфиналето, Баерн има многу тежок предизвик пред Реал Мадрид. Сепак, Баварците нема лесно да се предадат, бидејќи првпат по 2020 година ќе играат меѓу четирите најдобри на турнирот и по седми пат ќе се обидат да станат европски шампиони.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.