Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн зборуваше по победата на неговиот тим над Арсенал со 1:0 во реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Баварците се пласираа по нерешените 2:2 во првиот натпревар и вкупниот успех 3:2, а фудбалерот ги сподели надежите дека тој и неговите соиграчи ќе стигнат до самото финале на турнирот и да триумфираат во него.
„Неверојатна победа. Тоа беше тешка сезона за нас. Моравме да се бориме. Знаевме дека можеме да ја направиме разликата со нашите навивачи дома. Кимих постигна одличен гол. Да се пласираме во полуфиналето е големо достигнување за нас и можеме да бидеме среќни поради тоа. На полувремето си кажавме дека сакаме да го зголемиме темпото, да бидеме агресивни. Имавме неколку удари надвор од голот и можевме да си ги олесниме работите, но овие натпревари се секогаш тешки и мораме да ги поминеме. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Кејн.
Во полуфиналето, Баерн има многу тежок предизвик пред Реал Мадрид. Сепак, Баварците нема лесно да се предадат, бидејќи првпат по 2020 година ќе играат меѓу четирите најдобри на турнирот и по седми пат ќе се обидат да станат европски шампиони.

