Сиксерси се незадоволни од работата на судиите во првите два меча со Њујорк во 1. коло од плеј-офот во кошаркарската НБА лига.
По поразот во понеделникот на натпреварот број 2, тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, рече дека судиите го игнорирале неговото барање за тајмаут за време на еден од клучните моменти на натпреварот кога Њујорк украде топка и преку Донте ДиВинченцо погоди решавачка тројка за победа.
Во првиот натпревар од серијата, 76-ките имаа 21 лична грешка додека Њујорк имаше само 17 прекршоци.