Екипите на Вардар и Е. Пелистер се избегнаа во полуфиналната рунда од домашниот ракометен Куп. На денешната ждрепка за Ф4 турнирот во Скопје, Вардар во полуфиналето за противник год оби градскиот ривал Алкалоид, додека Е. Пелистер ќе се сретне со екипата на Тиквеш.
Во женска конкуренција, во полуфиналето екипата на шампионот Ѓорче Петров за противник ќе го има Куманово, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.
Завршниот турнир од Купот на Македонија во организација на РФМ ќе се одржи во Скопје во салата „Борис Трајковски“ од 17 до 19 мај.

