Генералниот директор на Феникс, Џејмс Џонс, по елиминацијата од екипата на Минесота во првото коло во плеј-офот, се осврна на сезоната во НБА лигата.
„Играчите добро си ја завршија работата но, не доволно за да ги оствариме нашите цели. Соочени сме со недостаток на организација“ – вели Џонс.
„Ги користиме сите можности за да го изградиме нашиот состав. Важно е да се потсетиме дека имаме шест, седум, осум навистина одлични кошаркари во нашата ротација“ – потенцира Џонс.