Кошаркарот, Ти Џеј Мекконел, вели дека неговиот тим не смее да реагира на судењето иако тренерот Рик побара еднаков третман за екипите.
„Ја сакаме енергијата на Рик но, негова позиција не кореспондира со реакцијата во нашата соблекувална. Нема да се откажеме и да се жалиме на судиите“ – рече кошаркарот на Индијана по поразот од Њујорк во разигрувањето за титулата во НБА лигата.
Мекконел на тој меч имаше 10 поени, 4 скока и 12 асистенции.