Македонската ракометна репрезентација вечерва е пред голем предизвик да надомести негатива од 7 гола на реванш бараж мечот со Фарските Острови од кој ни зависи настапот на уште едно големо натпреварување.
Нашиот национален тим ќе брка негатива против Фарски Острови за да се пласира на Светското првенство (СП) кое во 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Ако сакаме добар резултат, освен поддршката од публиката која треба да ја наполни салата „Борис Трајковски“ до последно место, ќе ни треба и добра стратегија. Во сеќавањата се бараж возбудувањата за СП 2017 кога ја исфрливме Чешка, откако на домашен терен надоместивме негатива од 6 гола од првиот меч и со победа од 34-27 дојдовме до настапот на тој ракометен мундијал.
Натпреварот Македонија – Фарски Острови се игра од 19:00 часот.