Македонската ракометна репрезентација во пеколната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ја совлада селекицјата на Фарските Острови со 34:26 и да ја надомести разликата од минус 7 гола од првиот меч на гостински терен, со што обезбеди настап на уште едно светско првенство.
Момците на Кире Лазаров одиграа перфектен меч чие темпо во двете полувремиња ни донесоа сразменна предност од по четири гола, сосема доволна за на крајот да славиме. Фарските Острови едноставно подлегнаа на атмосферата и не успеаја да ја задржат високата предност од дуелот во Торшавн.
Жарко Пешевски со 8 гола беше најефикасен во нашата селекција, а Филип Кузмановски постигна 7. Одлично издание и за Марко Митев со 6 и за Мартин Серафимов кој постигна 5 гола.