Македонската ракометна репрезентација ja оствари зацртаната цел и со убедлива победа против Фарските Острови обезбеди пласман на следното СШ кое ќе се одржи во јануари 2025 година. Македонија успеа да ја неутрализираше големата негатива од првиот натпревар од 7 гола и повторни и донесе радост на спортската јавност во Македонија.
Селекторот Кирил Лазаров беше пресреќен по натпреварот за остварениот резултат, но пред се играта која ја покажаа неговите избраници.
„Ова е еден од најкомплетните натпревари на македонската ракометна репрезентација, против еден квалитетен и сериозен противник каков што се Фарските Острови. Уште за време на подготовките, повеќе пати давав изјави за квалитетот на Фарски Острови, не се плашев од нив, но знаев дека се една машинерија и ако им дозволиме да играат, може да се случи тоа што се случи во Торшавн. Променивме многу во стратегијата, испадна успешно, момците одиграа тотално контролиран натпревар во сите сегменти, против технички совршена репрезентација. Ова е еден од најсреќните моменти во мојата кариера, пресреќен сум по денешниот резултат, браво за момците“, изјави Лазаров по натпреварот.
Македонија сега ќе ја чека ждребката по која ќе знаеме против кого ќе играме и во кој град, сосема е извесно дека тоа ќе биде некој град домакин од Хрватска.