Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Изречени казните по инцидентите во Битола: Пелистер помина си парична казна, а Тодор Гечевски со суспензија
    Кошарка

    Изречени казните по инцидентите во Битола: Пелистер помина си парична казна, а Тодор Гечевски со суспензија

    risteBy riste14/05/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Александар Милојевиќ, ги изрече казните за пропусти во организацијата на третиот натпревар од полуфиналната серија на плеј-офот меѓу Пелистер и Работнички.

    Екипата на Пелистер која беше домакин на оваа средба ќе треба да плати 84.000 денари по разни основи, а комесарот за безбедност на Пелистер, во следните шест месеци нема да може да извршува никаква функција во кошаркарскиот спорт, заради притисок врз официјалните лица. Марјан Илиевски доби суспензија од еден натпревар.

    Директорот на Работнички, Тодор Гечевски беше иницијатор на инцидент и плукање во четвртата четвртина и заработи исклучување. Токму поради тоа Гечевски заработи суспензија од два натпревари.

    Четвртиот натпревар од полуфиналната серија се игра во Битола в среда од 18:30 часот. Пелистер во моментов, по три одиграни средби има предност од 2:1.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.