Кошаркарите на Бостон го совладаа Кливлен со 113:98 и се промовираа како првите финалисти на Истокот во НБА лигата.
Во петтиот полуфинален натпревар одигран во ноќта зад нас, Џејсон Тејтум постигна 25 поени а Хорфорд додаде 22 . Бостон во конференциското финале ќе игра против победникот од серијата меѓу Њујорк и Индијана.
Екипата на Далас предводена од феноменалниот Лука Дончиќ, ја дели само една победа од конференциското финале на Западот. Далас рано изутрината славеше против Оклахома со 104:92 и поведе со 3-2. Дончиќ имаше 31 поен, 10 скока и 11 асистенции.