Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Чаир за првпат ќе игра финале во Купот на Македонија
    Ракомет

    Чаир за првпат ќе игра финале во Купот на Македонија

    sasoBy saso17/05/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарките на Чаир ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако денеска во второто полуфинале славеа над Вардар со 32:28. За „чаирчанки“ ова ќе биде историско финале, по одличната партија со Вардар и натпревар во кој ја имаа контролата на резултатот од почеток до крај на мечот.

    Чаир на полувреме замина со предност од само еден гол (14:13), иако во текот на првите 30 минути имаше константна предност од неколку гола. Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел во кој Чаир успеа до средината да се одлепи на 4-5 гола разлика и до крајот да ја задржи предноста за триумф.

    В недела женското финале во Купот на Македонија ќе се одигра од 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а во него Чаир ќе се сретне со шампионот Ѓорче Петров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.