Ракометарите на Алкалоид вчера направија големо изненадување освојувајќи го пехарот во Купот на Македонија. Младиот макеоднски тим предводен од селекторот Лазаров по подобро изведување пенали успеа да го совлада супер-фаворитот Еурофарм Пелистер и да се закити со вредно признание.
„Сакам да им честитам на Е. Пелистер за фер и коректниот меч. Победивме една екстра квалитетна екипа со екстра добри поединци“, изјави Лазаров по мечот.
„Посебно сум горд на моите играчи, и за денес и против Вардар. Пред мечот реков дека сме аутсајдери, но ја чувствував екипата дека оди во нагорна линија, имаме самодоверба, ние сме екипа која во секој момент знае што треба да прави и како да се однесува. Имаше моменти на кои затаивме, но сепак ова се многу млади македонски играчи. Горд сум на цела екипа на залагањето, пожртвуваноста, за начинот на верба и самодоверба. Да се победи еден Вардар а потоа и Еурофарм. Пелистер е навистина тешко, но во Куповите секаде во светот во било кој спорт имало изненадување. Да, ние го изненадивме Еурофарм Пелистер, но и ние заслуживме да победиме, одигравме навистина добро“, дополни Лазаров.