Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ЛЕ: Аталанта и Баер (Л) во битка за првиот европски трофеј
    Фудбал

    ЛЕ: Аталанта и Баер (Л) во битка за првиот европски трофеј

    sasoBy saso22/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Можеби многумина очекуваа вечерва да го видиме големото збогување за Јирген Клоп од клупата на Ливерпул со финале во Лигата на Европа, но Аталанта или Леверкузен се тимовите кои ќе се борат за да бидат крунисани со трофејот во Лигата на Европа вечерва во главниот град на Ирска.

    Баер Леверкузен, штотуку крунисаниот германски шампион кој ја помина сезоната во Бундеслигата без пораз ќе ја има улогата на благ фаворит на вечерашното финале. Клубот од Рурската област може да го освои и Купот на Германија во сабота, но вечерва во мислите го имаат само овој европски трофеј кој треба да ја направи сезоната за момците на Чаби Алонсо праткично незаборавна.

    „Она што е важно пред се е менталитетот“, рече Алонсо на прес-конференцијата вчера. „Имаме план за игра, но играчите сè уште ја имаат прекрасната атмосфера од прославата на титулата во сабота и сакаме да го искористиме тоа. Поразот во полуфиналето од минатата сезона е огромна мотивација; Веќе зборувавме за тоа како се чувствуваа работите минатата сезона. Бевме многу блиску до финалето. Го искористивме ова разочарување во наша корист“, вели Шпанецот.

    Минатата недела клубот од Бергамо го загуби финалето од Купот на Италија против Јувентус, но обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Менаџерот Џан Пјеро Гасперини во пресрет на финалето вечерва вели дека бројките и настапите на Баер (Л) изгледаат застрашувачки.

    „Знаеме дека играме против силен тим. Нивните бројки и перформанси зборуваат сами за себе. Тие се добро организирани и секогаш наоѓаат решенија. Но, веќе се сретнавме со многу тешки тимови оваа сезона, така што немаме недостиг на самодоверба“.

    Италијанскиот менаџер, исто така, имаше многу пофалби за неговиот колега од Леверкузен, Чаби Алонсо, кој беше поврзуван со трансфер во Ливерпул на почетокот од оваа сезона.

    За тимот од Бергамо ова ќе биде прво европско финале во клупската историја, па ќе се стремат кон историски триумф. Уште повеќе, ако не се сметаат нивните рекордни шест титули во Серија Б и една во Серија Ц, нивниот единствен трофеј е во Купот на Италија во 1963 година. Од друга страна, Баер веќе триумфираше на овој турнир додека се уште се викаше Куп на УЕФА. Тоа беше во сезоната 1987/88 кога Леверкузен го победи Еспањол на пенали. Германците имаат уште едно европско финале – она ​​во Лигата на шампионите во 2001/02 година, кое сепак заврши со пораз од Реал Мадрид со 1:2.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.