Кошаркарите на Минесота синоќа на гостински терен го победија тимот на Далас со 105:100 и со тоа намалија на 3:1 во финалето на Западната конференција.
Тимбервулфс водеа во последните пет минути од секој натпревар од ова финале, но овојпат успеаја да победат и да ја продолжат серијата. Најзаслужен за победата на Минесота беше Ентони Едвардс со 29 поени, десет скока и девет асистенции, додека Карл Ентони Таунс додаде 25 поени, од кои 20 во вториот дел.
Лука Дончиќ беше најдобар во редовите на Далас со 28 поени, 15 скока и десет асистенции за својот шести трипл-дабл во овој плеј-оф, но тој и Кајри Ирвинг погодија само 13 од 39 од поле на овој меч. Ирвинг натпреварот го заврши со 16 поени.
Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу четврток кон петок.