Kошаркарот, Двајт Хауард, откако не успеа да обезбеди место во тим од НБА конкуренцијата, се определи да ја продолжи кариерата во Тајван.
Центарот ќе игра за тајванските мустанзи. Тој претходно беше дел од Тајун леопардс во 2022 година и одлично ги познава условите во Тајван. 38-годишниот центар ќе дебитира за новиот клуб на 1 јули.
Хауард во НБА има играно за Орландо, Лос Анџелес Лејкерси, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија.