Кошаркарот, Кајри Ирвинг, не крие дека е презадоволен како се одвиваат работите во неговиот клуб во НБА лигата.
„Најдобриот дел од мојата кариера се случува во Далас. Имам можност да зборувам од искуство. Кога си млад, премногу брзаш низ животот “ – вели 32-годишниот играч кој втора сезона настапува за Маверикс.
Тој има титула со Кливленд а играше и за Бостон и Њујорк. Далас набрзо ќе го стартува финалето во НБА против Бостон.