Ракометниот клуб Вардар денеска објави ново засилување за следната сезона. Станува збор за репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели (27) кој игра на позицијата десен бек. Тој потпиша едногодишен договор.
Маргели настапи за репрезентацијата на Тунис на квалификацискиот турнир за Олимписките игри и беше дел од ростерот на натпреварите против Унгарија, Португалија и Норвешка. Претходно има настапувано и на СП 2021 година и во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио.
Десниот бек (193/95) и ја заврши сезоната во Тунис со титула дресот на Есперанца.
„Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим во следната сезона. Многу сум горд и мотивиран и навистина со нетрпение очекувам да ги бранам боите на Вардар, и да му помогнам на клубот да ги постигне целите поставени за претстојната сезона. Исто така, би сакал да ја искористам предноста и да му се заблагодарам на господинот Борко Ристовски кој навистина направи одлична работа да ме донесе во Скопје и кој навистина дава се од себе за да го врати Вардар на местото каде што припаѓа: помеѓу најдобрите европски клубови. Ви благодарам за трудот, верувавте во мене и ми давате можност да го покажам најдоброто од мене“, изјави Маргели.