Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер денеска објави дека по одличната прва сезона и освоената шампионска титула, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.
Десното крило одлично се снајде во Битола по трансферот од ПИК Сегед. 31-годишниот Радивојевиќ, како што објавија од клубот, ја продолжи соработката со шампионот за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.