Кошаркарите на Бостон поведоа со 1:0 во големото финале на НБА лигата и тоа со триумф над Далас од 107-89 на домашен терен.
Бостон до оваа победа со одлична тимска игра, во нивните редови четворица кошаркари постигнаа 15 или повеќе поени, додека кај гостите, Лука Дончиќ постигна 30 поени што беше една третина од поените кој ги постигна Далас н аоваа средба, но не можеше сам да направи ништо повеќе
Бостон играше одлично во првото полувреме по кое водеше со 21 поен разлика, благодарение на Кристапс Порзингис кој се врати по повредата токму за финалните натпревари. Бостон Селтикс има серија од осум победи по ред, а може да ја продолжи доколку слави и на вториот натпревар кој ќе се игра в недела навечер.