Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Саутгејт: Успеваме и по трет пат да се вратиме од негатива, сега не чека Шпанија
    Фудбал

    Саутгејт: Успеваме и по трет пат да се вратиме од негатива, сега не чека Шпанија

    risteBy riste11/07/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Англија ја победи Холандија и се пласираше во финалето на ЕП во Германија, а тоа го стори благодарение на голот на Оли Воткинс во 91. минута.

    Иако губеше на сите три натпревари од елиминационата фаза, англиската селекција сепак најде сила и направи пресврт, па в недела ќе игра против Шпанија во Берлин за титулата Европски првак.

    Селектор на Англија, Герет Саутгејт, по натпреварот на прес-конференцијата даде свој коментар на натпреварот.

    „Покажавме карактер и третпат се враќаме од негативен резултат и победуваме. Мислам дека вечерва не заслуживме да примиме гол во првиот дел. Игравме многу добро со топка и не паметам кога англиска репрезентација имала 60% посед на топка против Холандија. Сакам да го потенцирам начинот на кој Воткинс влезе во натпреварот. Тоа што денес го покажа, го покажува на секој тренинг. Сака играше феноменално без топка, Маино беше феноменален. Дојдов на чело на репрезентацијата само за да ја вратиме Англија на врвот и веќе 7-8 години сме во самиот врв и многу блиску до трофејот. Сега не очекува натпревар со најдобрата репрезентација на турнирот, Шпанија. Сето ова со еден ден помалку одмор и можност за подготовка за финалето“ изјави Саутгејт.

    Финалниот натпревар меѓу Англија и Шпанија се огра в недела на 14.јуни на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.