Англија ја победи Холандија и се пласираше во финалето на ЕП во Германија, а тоа го стори благодарение на голот на Оли Воткинс во 91. минута.
Иако губеше на сите три натпревари од елиминационата фаза, англиската селекција сепак најде сила и направи пресврт, па в недела ќе игра против Шпанија во Берлин за титулата Европски првак.
Селектор на Англија, Герет Саутгејт, по натпреварот на прес-конференцијата даде свој коментар на натпреварот.
„Покажавме карактер и третпат се враќаме од негативен резултат и победуваме. Мислам дека вечерва не заслуживме да примиме гол во првиот дел. Игравме многу добро со топка и не паметам кога англиска репрезентација имала 60% посед на топка против Холандија. Сакам да го потенцирам начинот на кој Воткинс влезе во натпреварот. Тоа што денес го покажа, го покажува на секој тренинг. Сака играше феноменално без топка, Маино беше феноменален. Дојдов на чело на репрезентацијата само за да ја вратиме Англија на врвот и веќе 7-8 години сме во самиот врв и многу блиску до трофејот. Сега не очекува натпревар со најдобрата репрезентација на турнирот, Шпанија. Сето ова со еден ден помалку одмор и можност за подготовка за финалето“ изјави Саутгејт.
Финалниот натпревар меѓу Англија и Шпанија се огра в недела на 14.јуни на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот.