Кошаркарот на Милвоки, Крис Мидлтон, ќе биде подготвен за новата сезона во НБА лигата иако имаше операција на двата зглоба, пренесе агенцита – „Ројтерс“.
Тој во претходниот шампионат имаше само 55 мечеви со просек од 15,1 поени, 5,3 асистенции и 4,7 скокови по натпревар. Мидлтон беше избран од Детроит на драфтот во 2012 година но, веќе во наредната беше испратен во редовите на „Бакси“.
Тој досега има 739 натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.