Генералниот менаџер на кошаркарскиот состав Сакраменто, Монти Мекнер, не го крие задоволството што тренерот, Мајк Браун, потпиша нов тригодишен договор вреден 30 милиони долари.
„Мајк досега заврши голема работа и продолжувањето е сосема заслужено“ – рече Мекнер за медимите во САД.
Браун во последните две сезони со Сакраменто имаше 94 победи и 70 порази. Искусниот тренер претходно работеше во Кливленд, и Лос Анџелес Лејкерс.