Кошаркарот, Кевин Дурант, кој ќе ги предводи САД на Олимпијадата во Париз, потенцираше дека пресвртница во неговата кариера била Олимпијадата во 2012 година кога за прв пат се појави во така наречениот дрим-тим.
Тој беше заедно со прославените, Леброн Џејмс, Коби Брајант, Кармело Ентони, Крис Пол, Дерон Вилијамс и Андре Игудала.
„Олимписките игри во 2012 година беа пресвртница во мојата кариера. Секојдневно бев опкружен со одлични кошаркари. Ги гледав како работат и многу „крадев“ од нив. Знам како им е сега на помладите кошаркари во селекцијата кои мора многу да научат“ – изјави Дурант.