Хрватскиот кошаркарски гигнат Цибона можно е да се повлече од учество во новата сезона на АБА лигата. Спооред информација на хрватскиот новинар Томислав Хорват, проблемите во хрватскиот кошаркарски гигант повторно излегоа на виделина, а раководството на АБА лигата на следната седница ќе ја разгледува ситуацијата во загрепскиот состав.
Доколку дотогаш работите не се потсредат, голема е веројатноста Цибона да биде заменета до МЗТ Скопје А. Тоа ќе биде добра вест за нашиот шампион, кој минатата сезона не успеа да се избори за промоција во елитното регионално кошаркарско друштво, кое сега е во проширен состав по влезот на екипите на Дубаи и Спартак и ќе брои шеснаесет клубови.