И покрај повредата на прстот, Данте Езгум ќе патува на Олимписките игри во Париз. Кошаркарот на Австралија заработи повреда на пријателскиот натпревар против Франција во понеделникот и најавите велеа дека тој не е може да се опорави за настап на ЛОИ.
Австралиските медиуми, сепак, пишуваат дека повредата не е сериозна и Данте се враќа во тимот кој ќе патува во Париз. Можно е тој да го прескокне првиот меч за „кенгурите“, но најверојатно ќе му се стави на селекторот веќе од вториот меч на Австралијанците.