Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за доделување на парична награда за машката младинска ракометна репрезентација која учествуваше на ЕП за играчи до 20 години.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1 милион денари за машката младинска ракометна репрезентација за освојувањето на 9-тото место на евро-шампионатот во Словенија.
Ракометарите под водство на селекторот Стојановиќ претрпеа само еден пораз на младинскиот шампионат.