Финскиот кошаркар, Лаури Марканен, нема намера да си замине од екипата на Јута, тоа го објави новинарот, Тони Џонс.
„Лаури се вкорени во Јута. Неговото семејство се насели таму. Лаури има големи мотиви“ – напиша колумнистот.
Тој верува дека самиот Лаури би сакал да го продолжи договорот со клубот од Солт Лејк Сити иако за неговите услуги се заинтересирани уште неколку тимови од НБА лигата.