Двајт Хауард призна дека тешко ја напуштил НБА лигата. Центарот последен пат играше во лигата во сезоната 21/22 за Лејкерс. Тој потоа ја продолжи кариерата во Тајван.
„Имав ужасна депресија. Знам дека треба да играм во НБА но, не можев да седам мирен “ – изјави кошаркарот.
„Дојдов во Тајван и луѓето тука ме инспирираа. Многу сум им благодарен бидејќи ми дадоа можност да продолжам да играм кошарка“ – потенцираше Хауард.