Кошаркарот, Орландо Робинсон, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Сакраменто. Центарот (24 години, 213 см) потпиша едногодишен договор со Кралевите кој е загарантиран на 500 илјади долари.
Тој ги помина претходните две сезони во составот на Мајами настапувајќи на 67 средби. Во минатото првенство во НБА имаше просек од 2,8 поени и 2,3 скока по натпревар.
Робинсон во рамките на летната лига во Лас Вегас, имаше просек од 14 поени и 9 скокови.